МВР ги „сотре“ лисичани, само вчера се казнети 151 возач
Само на територијата на Горно и Долно Лисиче изречени се вкупно 151 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 20 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, девет прекршоци на мотоциклисти - велат од МВР.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– Само на територијата на Горно и Долно Лисиче изречени се вкупно 151 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 20 лица, 19 технички неисправни и нерегистрирани возила, девет прекршоци на мотоциклисти – велат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па од министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.