МВР ЌЕ ВРАБОТУВА КРИМИНАЛИСТИ ВО ГОЛЕМ БРОЈ Многу наши колеги заминуваат во пензија

Во 2022 година ќе има огласи за прием на криминалисти во поголема бројка и јас навистина очекувам дека и од оваа генерација на студенти ќе можат да се пријават да бидат дел од македонската полиција, да бидат дел од безбедносниот систем, кој практично се грижи за напредокот за чување на човековите права на демократските вредности на државата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

1,333

Во 2022 година голем број на колеги заминуваат во пензија, а тоа значи дека ќе се отворат нови работни места, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Во 2022 година ќе има огласи за прием на криминалисти во поголема бројка и јас навистина очекувам дека и од оваа генерација на студенти ќе можат да се пријават да бидат дел од македонската полиција, да бидат дел од безбедносниот систем, кој практично се грижи за напредокот за чување на човековите права на демократските вредности на државата – најави министерот Спасовски пo завршувањето на денешната свечена церемонија по повод промоцијата на дипломираните студенти од генерацијата 2021 година на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.






Тој рече дека е многу важно кога има корелација помеѓу науката и практиката.

– Односите помеѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност се на едно многу високо ниво, во коешто заеднички работиме во надградбата на капацитетите и на студентите, меѓутоа и на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, заради тоа што навистина 2021 и 2022, како години, се години во коишто голем број на колеги заминуваат во пензија. Значи се отвораат работни места – истакна Спасовски.

Поврзани содржини