МВР ЌЕ ВЕЖБА ВО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА Во сценариото ќе се користат сирени за тревога
Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации.
Утре во период од 09,00 до 12,00 часот, припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.
Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.
Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации.