МВР Е МРТВО ТКИВО Ковачки побара од Спасовски да си поднесе оставка по пукањето во „Ист Гејт“

„Граѓаните не се безбедни и повторувам: Полицијата под раководство на СДС и на ДУИ нема никаков авторитет МВР е мртво ткиво. Наместо Спасовски да тера кампања за претседател, треба да си поднесе оставка“, напиша пратеникот Драган Ковачки на Фејсбук.

2,051

Пред три дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека целосно ги разбиле криминалните групи, а денеска, среде бел ден, нова криминална пресметка во трговски центар во Скопје. Во тој трговски одат секакви категории на лица: возрасни, млади, мажи, жени, родители со деца… Спасовски повторно ја излажа јавноста, обвини пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тој побара од министерот да си поднесе оставка.






„Граѓаните не се безбедни и повторувам: Полицијата под раководство на СДС и на ДУИ нема никаков авторитет МВР е мртво ткиво. Наместо Спасовски да тера кампања за претседател, треба да си поднесе оставка“, напиша Ковачки на Фејсбук.

Поврзани содржини