МВР ДЕМАНТИРА Нема никакво координирано малтретирање на граѓаните

МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата.

258

Од Министерството за внатрешни работи ги негираат наводите изречени од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, за наводно органзирано запчашување на граѓани од страна на припадници на полициските сили во земјава.

– Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе.  Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало – се вели во реакцијата од МВР.






Од ВМРО-ДПМНЕ претходно информираа за низа на нерегуларности во Прилеп, меѓу кои и испраќање на сопственици на возила на вонреден технички преглед.

– После направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле – додаваат од министерстовот.

МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата.

Поврзани содржини