МВР да ги активира изготвените и неиздадени пасоши кои се во МНР и оние во ДКП-та до моментот на стапување на вонредната состојба

256

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги активира сите изготвени и неиздадени пасоши кои се наоѓаат во Министерството за надворешни работи, како и да ги изготви и активира патните исправи на сите поднесени барања за пасоши, реализирани од страна на мобилните екипи во дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, до моментот на стапување на вонредната состојба предизвикана од ковид–19, и да ги достави до Министерството за надворешни работи.

Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, доставените изготвени и активирани патни исправи, по дипломатски пат, да ги проследи во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, а службените лице во дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Берлин (вклучително и Конзуларното одделение во Бон), Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Лондон, Париз, Берн, Рим, Венеција, Виена и Љубљана, врз основа на приложен документ со слика за лична идентификација, да ги издадат изготвените и активирани пасоши на подносителите на барањето за патна исправа

Поврзани содржини