МУЗИКАТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ Кондовски воодушевен по концертот на „The Balguns“ од Солун
Интересна комбинација на „музика од светот“ која оди по Балканските патеки во рамките на „Меѓународен музички дијалог“ во организација на МКЦ-Битола.
Музиката не познава граници, напиша на Фејсбук бизнисменот Христо Кондовски, кој е кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ, по концертот на составот од Солун „The Balguns“.
„Задоволство ми беше да го проследам концертот на „The Balguns“, одличен музички состав од Солун кој вечерва во Битола се претстави со уникатни парчиња на џез, реге, фанк, ска и рокенрол. Интересна комбинација на „музика од светот“ која оди по Балканските патеки во рамките на „Меѓународен музички дијалог“ во организација на МКЦ-Битола“ напиша Кондовски.