📽 📷 МУЗИКА ВО ЖИВО, БОГАТА ТРПЕЗА И МНОГУ ЗАБАВА Предновогодишна журка во затворот во Тетово
Управителот на затворот Ќефали Хавзиу на дел од затворениците им додели и благодарници на кои пишува дека се за особен придонес во затворот.
И затворениците во Тетово добија предновогодишна забава. Управителот на затворот Ќефали Хавзиу на социјалната мрежа Фејсбук објави повеќе фотографии и видеа од атмосферата во дворот на затворот.
На видеата може да се види пејач со микрофон, трпеза со пијалаци и весела атмосфера, а затворениците одиграа и некое коло.
„Успешно реализирана културно-уметничката програма во Затворот Тетово посветена за крајот на успешната година, особено им се заблагодаруваме на секторот за ресоцијализација и обезбедување, ресторанот ВИТААБИ-Гостивар, познатата етно група од Тетово со изведувачите Џемал, Дашмир и Бесарт, тапаните од Тетово како и почит кон осудените лица за нивното примерно однесување“, напиша Хавзиу на сите Фејсбук постови од атмосферата.
Тој на дел од затворениците им додели и благодарници на кои пишува дека се за особен придонес во затворот.
Пред неколку дена тој објавил и од новогодишните украси кои се поставени во дворот на затворот.