МУЗИЧКАТА ДИВА ОТКАЖА СЀ Има сериозни здравствени проблеми

Поради здравствената состојба на пејачката, откажени се вкупно 16 концерти.

3,024

Славната поп-пејачка Селин Дион ги изненади сите со соопштението во кое се наведува дека го откажува остатокот од светската турнеја поради сериозни здравствени проблеми, објави Си-ен-ен.

Канадската музичка дива рекла дека закрепнува од „тешки и постојани грчеви на мускулите“, кои ѝ пречат за време на настап.






Поради истиот здравствен проблем, во октомври, 2021 година го откажала и настапот во Лас Вегас и оттогаш закрепнува, планирајќи дека турнејата ќе ја продолжи на 9 март 2022 година, пренесува Си-ен-ен.

Остатокот од нејзината светска турнеја е поместен за 12 април, но лекарскиот тим на пејачката одлучил дека откажувањето е, сепак, најдобра опција. Поради тоа, тие биле принудени да откажат вкупно 16 концерти.

„Се надевав дека брзо ќе закрепнам, но тоа не се случи. Изгледа дека ќе морам да бидам трпелива и да го следам режимот што лекарите ми го препорачаа“, напишала Дион, додавајќи дека со нетрпение го исчекува моментот кога повторно ќе се сретне со своите обожаватели.

Поврзани содржини