Нил Јанг поднесе тужба против Доналд Трамп заради користење на неговите песни во политичката кампања на претседателот на Америка. Тужбата се однесува на песните „Rockin’ in the Free World“ и „Devil’s Sidewalk“, кои биле користени на неодамнешниот собир во Тулса, на Монт Рашмор.
Музичарот ја објавил оваа информации на својата веб-страница, но не е познато дали тужбата е официјално поднесена. Портпаролот за медиумите на Јанг сè уште не одговорил на барањето за коментар.
Тужбата е последната етапа во долгата војна меѓу Јанг и Трамп, која трае од јули 2015 година, кога Трамп ја користел „Rockin’ in the Free World“, веднаш откако тој ја објави својата намера дека се кандидира за претседател.
Во тужбата на Јанг пишува: „Кампања сега нема и немаше дозвола или каква било согласност за време на митингот во Тулса да се користат песните „Rockin’ in the Free World“ и „Devil’s Sidewalk“ на кој било јавен политички настан“. Музичарот бара „со закон пропишана отштета во максимален износ законски утврден за намерно кршење на авторските права“.
FOTO: Fejsbuk