Музичарите бараат од владата да им дозволи да свират

За жал исходот од нашите културни напори за позитивни резултати и со помош на државните органи да ја ублажиме болката од стрмниот финансиски пад и деградација на цел еден еснаф, го знаете сите - стои во реакцијата.

198

ЗУПМ „Музика Сега“ од Владата бара олабавување на мерките за музичарите и конечно после 15 месеци да можат да отпочнат со работа сите музичари.

– Искрено се надеваме дека овој пат ќе бидеме сослушани и сериозно сфатени, во спротивно ќе се надоврземе на нашето Отворено писмо до јавноста од 28.05.2021, а доколку нашите молби не бидат ислушани и нашите барања за укинување на мерката од (Службен весник бр.240 Прилог број 7 и 8 точка број 13 и 15) овој петок 04.06.2021 година најавуваме протест на сите музичари и музички работници во Република Македонија – се вели во јавното соопштение.






„Музика Сега“ вели дека како Здружение за унапредување на правата на сите музичари без разлика на националност и етникум, досега во целост се труделе да изградат коректен однос со надлежните институции следејќи ги сите протоколи во комуникацијата, конструктивно и достоинствено. Истовремено одговарајќи на сите нивни задачи и предлози за наша организација, со цел да послужат како стожер во изградбата на функционална инфрастуктура во корист и заштита на цела една професија од непроценлива културна вредност.

– За жал исходот од нашите културни напори за позитивни резултати и со помош на државните органи да ја ублажиме болката од стрмниот финансиски пад и деградација на цел еден еснаф, го знаете сите – стои во реакцијата.

И покрај нивни напори, велат тие, не успеле да ја раберат логиката на последната официјална објава по одлуката на владата за олабавување на мерките.

– Зошто свадбите и музичарите кој настапуваат по свадби би биле привилегирани сега во однос на другите? Каде се протоколите за мали настани (кафичи, ресторани, ноќни клубови, барови, кафани, и други угостителски објекти) кои ви ги предадовме изминатото лето? До кога ќе трае оваа дискриминација, бидејќи за тоа се работи, за дискриминација? – стои во реакцијата.

Според „Музика Сега“, со оваа последна одлука од Комисијата за заштита од заразни болести „овие половични мерки ќе создадат хаос во работењето и новото секојдневие, и да не испадне утре во сите угостителски објекти секојдневно да се организираат свадби и прослави“.

Поврзани содржини