Музејот „Мадам Тисо“ ќе има огранок во Унгарија

Досега во светот се отворени 22 музеи „Мадам Тисо“. Зад унгарскиот ќе застане група инвеститори кои платија за правото за употреба на името и брендот.

268

Светски познатиот музеј првпат отвора, поточно дозволува свој огранок во оваа средноевропска земја. Се предвидува овој проект да го промовира унгарскиот туризам. Објектот се наоѓа недалеку од мостот што ги поврзува Будим и Пешта, а целата инвестиција ќе чини 28,2 милиони евра, пренесува порталот „Унгарија денес“.

Досега во светот се отворени 22 музеи „Мадам Тисо“. Зад унгарскиот ќе застане група инвеститори кои платија за правото за употреба на името и брендот.






Во музејот, за почеток, ќе бидат изложени 50 восочни фигури на познати луѓе.

Поврзани содржини