Музеј на македонската борба за новиот бројчаник на Заев: Се преставија како невладина и грубо ја злоупотребија Порта Македонија

561

Музејот на македонската борба – Скопје, најостро реагира на како што велат,  злоупотребата и упадот во објектот Порта Македонија, откако на терасата денеска беше поставен транспарент на кој пишуваше „Еве го бројчаникот на Заев: 1.136 починати, 39.760 заразени, 200.000.000 евра долг, 40.000 избркани од работа, вето од ЕУ“.

 „Денеска од страна на лица кои се претставија како членови на невладина организација, на терасата на објектот беше поставен транспарент со недолична содржина, а за што претходно биле известени и медиуми. Согласно потпишаниот договор, на терасатa, почитувајќи ги сите препораки за заштита од ковид -19, денеска требаше да се одржи настан „Состанок со млади лица за подигање на јавната свест кај младите за заштита на културното и историско богатство на нашата земја“, во траење од 1 час. Наместо состанокот, присутните, го искористиле моментот и неовластено го истакнале транспарентот со цел истиот да биде снимен и пренесен од медиумите“, се вели во реакцијата. 






Музејот реагира на „оваа груба злоупотреба“ и потсетува на членот 5. од договорот каде стои дека дејствијата кои ќе се одвиваат во закупените простории, исто така и во околните простори ќе бидат користени исклучиво за намени наведени во чл. 2 од договорот, односно дека нема да се злоупотребат за националистички и дискриминаторски цели, дискриминациски претензии на национална, верска или кој било вид на разгорување човечка нетрпеливост“.

„Ја информираме јавноста дека музејот ќе ги преземе сите правни чекори за утврдување одгoворност на учесниците и потписникот на договорот. Самиот настан претставува груба манипулација со граѓаните во име на невладините организации, а музејот ќе преземе мерки за откривање на сторителите и сите вклучени овој немил настан“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини