„МУВЛАТА НА ДУИ ЌЕ БИДЕ ИСКОРЕНЕТА“ Партијата треба да се преименува во Недемократска унија за дезинтеграција, велат од Вреди
Што не предвиделе во Мала Речица? Албанскиот народ одамна ги има прочитано и веќе не паѓа на нивните трикови. Нивната исплашена структура, уште во првите два месеци од формирањето на новата влада, ги нуди своите услуги на коалицијата Вреди. Вреди го избра потешкиот пат и нема да ја прибере мувлата на ДУИ, соопшти Вреди.
Раководството на криминализираната ДУИ продолжува да живее во паралелен свет. Потценувајќи го албанскиот народ, тие се обидуваат да се претстават како политички жртви на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Вреди. Ова е тешка демагогија, обвинува Вреди преку соопштение.
„Мнозинството Албанци гласаа за промена на 8 мај, што, меѓу другото, значи кривична одговорност за сите што се збогатуваа на грбот на граѓаните во овие 22 години режим. Целта на албанската опозиција е по секоја цена да го спречат нивното целосно разобличување пред јавноста. Затоа не случајно рековме дека треба да се преименуваат во Недемократска унија за дезинтеграција. Како функционира мувлата на ДУИ оставена во државните институции? Мувлата на ДУИ во државните институции има добиено наредба да ја опструира на секој можен начин работата на новата влада. По 22 години режим, тие оставија свои послушници во правосудството, дипломатијата, безбедносните служби, ресорните министерства, државните институции и медиумите. Нивната деструктивна агенда вклучува обиди за нарушување на билатералните односи со Косово, Бугарија, Грција, со цел да го попречат нашиот пат кон ЕУ“, се вели во соопштението.
Тие преку своите инсталации поставуваат пречки во системот за да ја спречат испораката на правдата, а нивните мегафони се задолжени да создаваат хистерија, наведено е таму.
„Што не предвиделе во Мала Речица? Албанскиот народ одамна ги има прочитано и веќе не паѓа на нивните трикови. Нивната исплашена структура, уште во првите два месеци од формирањето на новата влада, ги нуди своите услуги на коалицијата Вреди. Вреди го избра потешкиот пат и нема да ја прибере мувлата на ДУИ. Вреди е создадена како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараат опција сосема спротивна од ДУИ. Вреди ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициска структура, чија обврска е да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди сигурна иднина за Албанците. Ваквото изолирано, програмски и кадровски нереформирано ДУИ е политичко минато“, соопшти Вреди.