МУСТАФИ АБДУРЕЗАК ОД ТЕТОВО СТАНА МИЛИОНЕР Петмина играчи поделија 7 милиони денари

228

Мустафи Абдурезак од Тетово освои 1,6 милиони денари играјќи игра на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија.

– Есенскиот тренд на ВЛТ добивки не стивнува. На 17 октомври 2024, постигната е најновата ВЛТ џекпот добивка, Милионер џекпот вреден 1.482.731 денари. Среќниот добитник го очекуваме секој момент да пристигне во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, а ние со задоволство му честитаме за освоената добивка – велат од Видеолотарија.






Оттаму додаваат дека најпосакуваната добивка Супер милионер џекпот е во зона на паѓање, што значи секој момент може да се очекуваат нови среќни вести.

– Во нашите простории пристигна и Мустафи Абдурезак од Тетово, кој на 3 октомври 2024 стана среќен сопственик на Милионер џекпот. Со особено задоволство сподели дека силно ѝ се радува на освоената добивка, вредна 1.673.951 денари. Ја освоил играјќи ја играта „дазлинг хот“ на видеолотариските терминали, кај нашиот соработник „Делта Бет Моцарт“. Планот за трошење ќе го направи брзо – рече Мустафи.

Видеолотарија Касинос Австрија му честита на освоената добивка, посакувајќи му да ја троши за убави работи.

Во периодот од 7 до 13 октомври 2024 Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите за ВЛТ добивки 17.357.614 денари. Петмина ВЛТ играчи освоија Милионер џекпот добивки и заедно поделија 7.442.611 денари. Видеолотарија работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање игри на среќа, што им овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа.

 

Поврзани содржини