Мустафа Надаревиќ за битката со болеста: Уште сум во болница, не знам кога ќе излезам!

1,185

Мустафа Надаревиќ на 2 мај, за жал, 77-иот роденден го прослави во болница.

Легендарниот актер во јануари објави дека му е дијагностициран рак на белите дробови, за еден месец да излезат вести дека е тој е во многу подобра здравствена состојба.






Во почетокот на март Надаревиќ пристигнал во Сараево за снимање на нови епизоди од култната серија „Луд, збунет, нормален“, кое беше прекинато поради пандемијата од коронавирусот.

Тогаш се вратил во Загрев, а на крајот на март изјави дека е хоспитализиран во болница. Актерот вчера истака дека не знае кога ќе излезе.

-Јас сум во болница. Не знам кога ќе излезам. Не знам што повеќе би рекол за својата состојба – кратко изјави Надаревиќ за сараевски „Аваз“.

 

Поврзани содржини