Мустафа Надаревиќ повторно во болница, се бори со ракот на белите дробови

723

Актерот Мустафа Надаревиќ (77) веќе неколку месеци се бори со тешка болест, а во разговор со „Аваз“ од Босна и Херцеговина откри дека во моментов се наоѓа во болница.

– Во болница сум, сега не би зборувал за ништо – рекол кратко за „Аваз“  Надаревиќ, кога новинарите го прашале дали на босанскохерцеговачката телевизија премиерно ќе се емитуваат новите продолженија на култната серија „Луд, збунет, нормален“.






Легендарниот актер во јануари обелодени дека му е дијагностицирана болеста – рак на белите дробови. На почетокот на август бил во својот дом во Загреб, кога изјавил за „Аваз“ дека се чувствува подобро.

– Не ни паѓа на памет да ја снимаме „Луд, збунет, нормален“ без Мустафа Надаревиќ. Тоа никогаш не сме го разгледувале како опција, ниту ќе ја разгледаме – изјави претходно за „Аваз“ сценаристот на серијата, Феџа Исовиќ.

 

Поврзани содржини