📷 МУСЛИУ, ПЕНДАРОВСКИ И ЗЕЧЕВИЌ НА ТАПЕТ ЗА ИЗБОРНА МАНИПУЛАЦИЈА Злоупотребени се државни институции за фалсификување документи, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие свесни за изборниот дебакл, ги злоупотребуваат институциите Кабинет на претседателот и Агенцијата за разузнавање.

1,171

Јасно е дека наместо да излезат со програма каде има проекти, главната програма на СДС е фалсификување на документи и лични имиња. Имаме основано сомневање дека зад таквата мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ се брутално злоупотребени најмалку две државни институциии, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција.

– Шемата и нашите основани сомневања се дека зад ова седи директно Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач, а сега генерален секретар на СДС Миле Зечевиќ. Ќе одиме со ред. Дел од ова е и Асаф Еисин, мешетар дел од израелска група на Тал Ханан за која има истраги за фалсификати и вмешаност во избори низ светот. Да потсетиме Стево Пендаровски кажа дека Асаф работи за СДС, а СДС тоа го негираше. Посредник е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главни одобрувачи и добавувачи се  Стево Пендаровски, претседател на држава, сега кандидат на СДС,  и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање поставен од Стево Пендаровски – тврди Стоилковски.






Тој вели дека тие, свесни за изборниот дебакл, злоупотребуваат институции, Кабинет на претседателот и  Агенцијата за разузнавање, кои што наместо да работат во одбрана на Македонија, се занимаваат со црна кампања и фалсификување за Стево Пендаровски.

– Заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да сосотават и да креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример, седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат. Ваквите креирани документи, вклучувајќи и наратив, приказна, се дава на определени медиуми креирани од СДС до СДС, или медиуми кои не гледаат проблем во црни пари во кампања. Приказната добива покритие под „свиркач”, за СДС потоа правно да се сокрие од улогата креатор на фалсификувани документи и лажни вести во изборни цели. Потврда за сето ова е молкот од СДС по потврдата од Стево Пендаровски за ангажманот на мешетарот Асаф Еисин во изборната кампања, а во меѓувреме во јавноста излегуваат неговите зафати – истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски тврди дека има уште една потврда, а тоа е дека ликот во центарот на оваа мрежа Асаф Еисин, е избркан од ВМРО- ДПМНЕ, каде што, тврди тој, дошол да ги понуди своите нечесни услуги, да се прават фалсификати, да се влегува во приватниот живот на луѓето, да се прават измислици за политичките противници.

– Сега е јасно дека СДС го прифатиле Асаф и ја прифатиле неговата работа. СДС мора да одговарат колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа, дали има склучено договор, или не, па дали израелскиот мешетар за црната кампања на СДС се плаќа со кеш од тендерите од РЕК Битола? Црна кампања не носи никому ништо добро, целта им е да намалат пораз, да намалат дебакл, со смалена излезност на јавноста. Но, ова не е само црна кампања со клевета, ова се кривични дела фалсификување на документи и фалсификување на потписи. И Еролд Муслиу, и Стево Пендаровски како Миле Зечевиќ а и нивниот извршител Асаф треба да знаат дека за ова ќе има одговорност. За брзо време за брзо од сега ќе следи одговорност – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини