МУСЛИМАНСКАTA БРИГАДА ИЗМАЧУВАЛА ДО СМРТ СРБИ И ХРВАТИ Подигнато обвинение против четворица Босанци за воени злосторства

Обвинетите се товарат дека во текот на 1993 година, во објект на Музичкото училиште во Зеница незаконски затворале и малтретирале цивили.

248

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска подигна обвинение против четворица поранешни припадници на Седмата муслиманска бригада на Армијата на БиХ, кои се товарат за воени злосторства против цивили од хрватска и српска националност во Зеница.

Обвинетите Несиб Талиќ, Јусуф Каралиќ, Нашид Делалиќ и Сабахудин Сарајлиќ се товарат дека во текот на 1993 година, во објектот на Музичкото училиште во Зеница, незаконски затворале и малтретирале цивили. Според обвинението, десетици лица биле изложени на тешка психофизичка тортура, а двајца затвореници починале како последица на тепањето. Нивните тела подоцна беа ексхумирани во околината на градот.






Седмата муслиманска бригада важеше за елитна единица во составот на Третиот корпус. За злосторства извршени од оваа единица веќе му се суди на командантот Шериф Патковиќ, кој е обвинет дека лично убил ранет хрватски командант во селото Дусина.

Поврзани содржини