Муслиман од Црна Гора се моли за своите православни браќа (ВИДЕО)
Видео-снимката е прегледана повеќе од милион пати, а неговиот потег наиде на одобрување и пофалби во целиот регион.
Пратеникот на опозициската Демократска партија во Црна Гора, Џенан Колиќ, го привлече вниманието на регионалната јавност со тоа што се молеше за православните во неговата земја.
– Мене така ме учеше мојот татко Хазо – вели Колиќ.
Тој излезе пред Саат кулата во Подготица и се молеше за своите православни браќа.
Видео-снимката е прегледана повеќе од милион пати, а неговиот потег наиде на одобрување и пофалби во целиот регион.
– Ние сме браќа, а братот на загрозениот брат мора да му помогне и да се помоли за него, за неговото здравје и спас. Ниту еден човек не смее да слуша гласови на насилство, омраза и војни. Тоа не е иднината на нашите семејства, на нашата земја, на нашите деца. Нашата ѕвезда водилка треба да биде помирување, љубов и заедништво – вели тој во видеото.