📽️ МУСКУЛЕСТИОТ ЗАВОДНИК ДРАСТИЧНО ГО ПРОМЕНИ ИМИЏОТ Шок по 6 години, никој не го препознава
Џејсон Момоа ги шокираше сите со ненадејна промена на имиџот, некои се воодушевени, а други не. Како ви се допаѓа?
Џејсон Момоа ги шокираше сите со ненадејна промена на имиџот, некои се воодушевени, а други не. Како ви се допаѓа?
Познатиот актер Џејсон Момоа отсекогаш бил во центарот на вниманието поради својот изглед. Мускулите, косата и брадата станаа она по што е препознатлив.
Меѓутоа, се чини дека решил да воведе некои промени, особено откако започна врска со убавата Адрија Архон.
Имено, Џејсон сега откри дека на неговата брада му дошол крајот и сето тоа го објави на социјалните мрежи. Се снимил себеси како ја бричи брадата, а попатно и испратил порака за штетноста на пластиката за еднократна употреба.
View this post on Instagram
„Не сум се избричил шест години и еве нè повторно“, напишал тој во описот на видеото.
Во еден дел од видеото може да се слушне како Момоа вика „проклетство, го мразам ова“, па се чини дека нема долго да го задржи овој изглед.
Оваа промена веднаш привлече лавина коментари од многу обожаватели на познатиот актер.
„Џејсон Момоа има голо лице“, „Изгледа сосема поинаку“, „Ми се допаѓа“, „Секси како и секогаш“, „Зошто го криеше твоето убаво лице сите овие години“, беа некои од коментарите.