Една жена, која ја посетила познатата кафетерија во Сеул, а која имала коронавирус, заразила 27 лица. Сепак, не и вработените кои биле заштитени.
Откако жената која била позитивна на коронавирусот овој месец, го посетила „Старбакс“, северно од Сеул, се случило таа да зарази дури 27 лица кои престојувале во истиот простор, но не и четворицата работници кои носеле маски.
Повторното избувнување на епидемијата во уште еден јужнокорејски град (Пај) на 8 август, е добар пример за тоа колку лесно вирусот ковид-19 се шири во затворен простор, каде престојуваат многу луѓе. Додека светот сè уште дебатира дали маските се ефикасни, тамошните лекари велат дека тоа не треба да се става под знак прашалник.
– Оваа ситуација со „Старбакс“ зборува многу за улогата на маските во заштитата од коронавирусот. Можеби нема да обезбедат 100 отсто заштита, но во моментов нема ништо поефикасно – вели докторката Ма Санг Хјук.
Вирусот лесно може да се прошири таму каде што луѓето не можат да носат маски цело време, на пример, додека јадат или пијат, за што сведочи и „Старбакс“, пишува „Телеграф.рс“.