Мурињо со урнебесна изјава: Дадовме 100 голови, тоа не е лошо за еден лош тим
По 27 натпревари во Премиер лигата, Тотенхем се наоѓа на 6. место со 45 бода.
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, по натпреварот од Премиер лигата со Кристал Палас (4:1), иронично зборуваше за перформансите на тимот.
Лондонци оваа сезона постигнаа 100 гола на сите турнири.
– Ако статистиката е точна, тогаш 100 погодоци по сезона за дефанзивен и лош тим не се лоши. Добра недела за нас – три натпревари, девет бода. Не може да има ништо подобро од освојување максимален број бодови оваа недела пред големите натпревари во Европа и со Арсенал следната недела – рече Португалецот.
По 27 натпревари во Премиер лигата, Тотенхем се наоѓа на 6. место со 45 бода.