МУРИЊО ОСТАНА БЕЗ РАБОТА Газдите на Рома не можеа да му го простат поразот од Милан

Мурињо беше тренер на Рома од 2021 година. Минатата сезона го предводеше тимот до титулата во Конференциската лига во 2022 година и до финалето во Лига Европа.

522

Рома објави дека главниот тренер Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб го напуштаат клубот. Наскоро ќе бидат објавени информации за новото раководство на првиот тим.

„Му благодариме на Жозе за страста и посветеноста од неговото доаѓање. Секогаш ќе имаме прекрасни спомени од неговата работа, но веруваме дека е неопходна итна промена во најдобар интерес на клубот. На Жозе и на неговиот персонал му посакуваме сѐ најдобро во иднина“, соопштија сопствениците Ден и Рајан Фридкин на веб-страницата на клубот од Рим.






Мурињо беше тренер на Рома од 2021 година. Минатата сезона го предводеше тимот до титулата во Конференциската лига во 2022 година и до финалето во Лига Европа.

Рома во тековната сезона од италијанското фудбалско првенство е на 9. место со 29 бода на 20 натпревари.

Поврзани содржини