МУРИЊО НАПИША ИСТОРИЈА Рома дојде до првиот европски трофеј (ВИДЕО)
Пред една недела, Ајнтрахт Франкфурт славеше во Лига Европа со триумф на пенали против Глазгов Ренџерс, додека круната на европската сезона доаѓа в сабота, со финалето во ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, кое се игра во Париз.
Фудбалерите на Рома се први освојувачи на трофејот во Конференциската лига, откако во вечерашното финале во Тирана минимално го совладаа Феенорд (1-0) за сефте европски трофеј на клубот, ако не се смета тој во Купот на саемските градови пред скоро шест децении.
Стрелец на злато вредниот погодок беше Николо Заниоло во 32. минута, по што холандскиот тим имаше многу шанси за изедначување, но римјаните имаа многу среќа. Составот од Ротердам неколку пати ги погодуваше пречката и стативата во второто полувреме, а и голманот на „волчицата“, Руи Патрицио, имаше квалитетни интервенции.
Најрадосен на крајот беше тренерот на Рома, Жозе Мурињо, кој и официјално стана најуникатен тренер во светот – единствен со победнички пехари во пет различни европски натпреварувања и тоа во Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Лига Европа и сега во новоформираната Конференциска лига. Згора на тоа, Португалецот го сочува стоотстотниот биланс во финалните средби на европска сцена, каде што се уште нема пораз. Мурињо во првата сезона со Порто славеше во Купот на УЕФА, потоа ја освои Лигата на шампионите со португалскиот гигант, а подоцна и со Интер, за пред две години да се радува во Лига Европа заедно со Манчестeр Јунајтед.
Пред една недела, Ајнтрахт Франкфурт славеше во Лига Европа со триумф на пенали против Глазгов Ренџерс, додека круната на европската сезона доаѓа в сабота, со финалето во ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул, кое се игра во Париз.
Nicolo Zaniolo puts Roma ahead with the first-ever #UECLfinal goal😤
[📽️: @CBSSportsGolazo] pic.twitter.com/kNqzYcMznd
— PFF FC (@PFF_FC) May 25, 2022