Мурињо му се јавил на Пандев за да се распраша за Шкендија – дознал од кого треба да се плаши

Да, ми се јави Жозе. Прво ми честиташе за голот. Вика убав гол сум постигнал, секоја чест, а потоа премина на главното за Шкендија - изјавил пандев за Спортмедиа.

1,007

Англискиот фудбалски гигант Тотенхем ќе игра против Шкендија во третото квалификациско коло, а тренерот на Англичаните, Жозе Мурињо, го искористил пријателството со нашиот Горан Пандев за да се распраша околу деталите и играта на тетовскиот клуб.

– Да, ми се јави Жозе. Прво ми честиташе за голот. Вика убав гол сум постигнал, секоја чест, а потоа премина на главното за Шкендија – изјавил пандев за Спортмедиа.






Пандев и Мурињо соработуваа пред 10 години кога беа заедно во Интер и кога освоија сè што може да се освои.

– Му кажав дека Шкендија е организиран тим, клуб кој заслужува респект. Не знаеше дека играат на истиот терен на кој играше со Манчестер Јунајтед пред 3 години. Му реков дека Шкендија е на исто ниво, а можеби и за нијанса подобра од Локомотив Пловдив. Мурињо е фокусиран на играта на тимот и настапите ви Премиер лигата. На прашањето кои се најдобрите играчи на Шкендија му кажав дека тоа се Дориев, Ибраими, Алими… – изјавил Пандев.

Поврзани содржини