Мурињо го сака Џани во Рома

Езѓан Алиоски најмногу го поврзуваа со турските клубови Галатасарај, Фенербахче, Трабзонспор. Но сега, неофицијално, и Рома започнала преговори.

655

Македонскиот фудбалски репрезентатитвец кој по завршувањето на договорот со Лидс Јунајтед е слободен играч, сега е во фокусот на јавноста и повеќе клубови покажаа голем интерес за неговите услуги.

Езѓан Алиоски најмногу го поврзуваа со турските клубови Галатасарај, Фенербахче, Трабзонспор. Но сега, неофицијално, и Рома започнала преговори.






Денеска италијанските новинари објавија дека левиот бек кој постигна значителен успех во четирите сезони за „белите“, може да направи трансфер кај Жозе Мурињо во Рома. Наводно, преговорите со македонскиот репрезентативец се веќе започнати, а според информациите Џани би дошол како замена за Леонардо Спинацола кој заработи тешка повреда на Европското првенство.

Поврзани содржини