Мурињо ќе биде новиот тренер на Рома
Како што неодамна беше објавено, Фонсека нема да биде тренер на клубот од Рим во следната сезона, па таа позиција остана празна.
Екипата на Рома на својот „Твитер“ профил објави дека има нов тренер, а тоа ќе биде Жозе Мурињо.
Како што неодамна беше објавено, Фонсека нема да биде тренер на клубот од Рим во следната сезона, па таа позиција остана празна.
Но како што стојат работите, него ќе го наследи португалскиот стручњак Жозе Мурињо од сезоната 2021/22.
– Среќни сме што можеме да објавиме дека постигнавме договор со Жозе Мурињо и тој ќе биде нашиот нов тренер од сезоната 2021/22 – се вели во објавата на официјалниот Твитер профил на клубот.
𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 🤝
The club are delighted to announce an agreement has been reached with Jose Mourinho for him to become our new head coach ahead of the 2021-22 season.
#ASRoma pic.twitter.com/f5YGGIVFJp— AS Roma English (@ASRomaEN) May 4, 2021
Португалскиот стратег во средината на април остана без работа откако доби отказ од Тотенхем. Тој ја презеде тренерската функција на Спарс во ноември 2019 година, а неговиот договор беше важечки до летото 2023 година.