Мурињо ја „скрои“ иднината на Меси
Во Тотенхем го почитуваме финансискиот фер-плеј. Може да оди само во тим што не го почитува, па сигурно нема да биде Тотенхем - рече Специјалниот во интервјуто за „JOE“.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо категорично ја отфрли можноста суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, некогаш да им се приклучи на „спарси“.
– Во Тотенхем го почитуваме финансискиот фер-плеј. Може да оди само во тим што не го почитува, па сигурно нема да биде Тотенхем – рече Специјалниот во интервјуто за „JOE“.
Меси се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити, но на крајот ќе остане во Барселона и во новата сезона.
Како што е познато, „граѓаните“ често се обвинуваат за кршење на финансискиот фер-плеј, па дури и им беше изречена казна, која, сепак, подоцна беше укината.
Мурињо ја коментираше и документарната серија „All or Nothing: Tottenham Hotspur“, посветена на последната сезона на тимот.
– Ако ме прашате дали уживав, одговорот е „не“. Претпочитам приватност, како и нашиот дом да остане затворен за луѓето кои не припаѓаат во нашиот дом. Но, на луѓето кои сакаат фудбал и спорт ќе им се допадне затоа што тоа ви ја покажува реалноста на фудбалскиот клуб. Повеќето камери се скриени – во канцеларии, во простории за состаноци, на тренинг-терени. Единствено кога ги видовме камерите беше кога патувавме или кога одевме на натпревари како гости – додаде тој.