📽 „МУНИЦИЈА НЕМААТ, НО КОГА ИМААТ – НЕ ПРОМАШУВААТ!“ Украинците соборија шест сухои за три дена
Токму затоа, украинската армија, дури и додека молеше и преговараше за повеќе муниција, за само три дена собори дури шест руски борбени авиони. Ова е стапка на загуби што руските сили нема да можат долго да ја издржат, пишува магазинот „Форбс“.
Иако на украинското воздухопловство му недостигаат ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“ со дострел од 150 километри, кога навистина пукаат, тие ретко промашуваат, пишува магазинот „Форбс“. Во текстот се наведува дека во последните три дена Украинците собориле дури шест руски авиони од типот „Сухој“.
Дали за ова е одговорен противвоздушниот систем „Патриот“? Украина прати еден „Патриот“ во Киев, еден на југот, и еден на северот.
„Руските авиони продолжуваат да паѓаат!“, напиша Украинското Министерство за одбрана во понеделникот, тврдејќи дека четири Су-34 и два Су-35 се меѓу соборените воздухоплови.
Украинскиот политички коментатор Антон Герашченко на Икс сподели снимка на која наводно се гледа како руски хеликоптер лета над соборен дел од авион во водата. Автентичноста на снимката не е потврдена.
Ukraine’s Air Force destroyed two more Russian aircraft on the morning of Monday, 19 February: a Sukhoi Su-34 fighter-bomber and a Su-35 fighter jet. https://t.co/XXFWTouG74
— Srbija Evropa (@srbija_eu) February 19, 2024
Магазинот „Форбс“ коментира:
„Токму затоа, украинската армија, дури и додека молеше и преговараше за повеќе муниција, за само три дена собори дури шест руски борбени авиони. Ова е стапка на загуби што руските сили нема да можат долго да ја издржат“.
Првите три авиони биле соборени во саботата на 90 километри источно од Авдиивка, градот во кој Русите имаат значителен напредок. Четвртиот „Сухој“ украинската армија тврди дека го соборила во неделата и тврди дека соборила уште два авиони во понеделникот, над Азовското Море на југ.
Today, the Ukrainian Air Force claimed the downing of one Russian Sukhoi Su-34 bomber and one Sukhoi Su-35S multi-role fighter jet.
Russian war correspondent Romanov wrote:
“On the Su-34 – again and again – bullshit.
Regarding the Su-35, there is no good news. And again the… pic.twitter.com/3f82TJobJC
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) February 19, 2024
Су-34 е најдобриот суперсоничен авион за напад на руските воздухопловни сили. Во последно време тие претежно летаат мисии за поддршка – брзо летаат до линијата на фронтот и фрлаат прецизни плови бомби КАБ од далечина од 40 километри, по што следат Су-35.
Се проценува и дека руските сили нема толку брзо да останат без авинот „Сухој“. Имено, за две години жестоки борби, податоците покажуваат дека Русите изгубиле 25 од вкупно 150 авиони Су-34 и шест од вкупно 120 Су-35.
Руските воздухопловни сили изгубија 95 авиони од февруари 2022 година, што е четири воздухоплови месечно. Во последните седум дена, стапката на загуба се искачи на шокантни 60 авиони месечно.
За воздухопловство со само 1.000 брзи авиони, ваквите месечни загуби би биле катастрофални. Би било уште полошо да се изгубат искусни авионски екипажи со тоа темпо, според неодамнешниот извештај на Лондонскиот институт РУСИ.
Сепак, се проценува дека овој „масакр“ на руските авиони „Сухој“ да се намали во наредните денови, бидејќи недостигот од ракети им создава огромен проблем на украинските сили.