МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР ЌЕ БИДЕ ЗЛАТНА КОКОШКА Во ФИФА очекуваат околу 1 милијарда евра

62

ФИФА во новиот четиригодишен предиод, што ќе заврши со Светското првенство во Катар, очекува приход од околу 7,5 милијарди евра, што е за речиси една милијарда евра повеќе отколку во претходниот период кој заврши со Мундијалот 2018 во Русија.

Како што се дознава од извори во ФИФА, 5,4 милијарди евра ќе бидат издвоени за поддршка на фудбалски активности ширум светот, вклучувајќи и средства за националните и за континенталните фудбалски федерации.






Со тие средства ќе се покријат загубите од некои други натпреварувања во организација на ФИФА, како Светското клупско првенство, натпреварувањата во младинските категории и женското Светско првенство во 2019 година.

Зголемениот приход во касата на ФИФА се должи на зголемените спонзорски договори и поголемата заработка од СП во Катар.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во саботата изјави дека Мундијалот во Катар ќе донесе околу 700 милиони евра поголем приход во споредба со Светското првенство пред четири години во Русија.

Поврзани содржини