Мукаетов: Пандемијата ни даде време за семејството
Мукаетов вели дека пандемијата ги натера бизнисите да се прилагодуваат, особено кон неизбежната дигитализација.
Живко Мукаетов, првиот човек на „Алкалоид“ во изјава за Рес публика вели дека пандемијата го промени односот кон семејството и тоа на подобро.
-Треба да бидеме посвесни за себе и за останатите. Треба да водиме повеќе грижа за нашето здравје, за здравјето на нашите најмили, зашто вакви времиња покажуваат колку е тоа важно – вели Мукаетов.
За бизнисите, пак, вели дека ги натера да се прилагодуваат, особено кон неизбежната дигитализација.
Тој смета дека за да се победи коронавирусот граѓаните треба да бидат многу посвесни, поодговорни и подисциплинирани и најважно многу потрпеливи.