МУДРА ОДЛУКА НА СПЦ ЗА ЕВХАРИСТИЧКО ЕДИНСТВО СО МПЦ-ОА За Лавров тоа овозможува повторно воспоставување на единство со Руската православна црква

Според рускиот министер, „ова е достоен одговор на интригите што ги плете цариградскиот патријарх“.

764

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров позитивно ја оцени одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква (СПЦ) и Патријархот Порфириј за евхаристичко единство со Македонската Православна Црква-ОА, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ова (обновување на евхаристиското единство меѓу СПЦ и МПЦ-ОА) го оценувам само позитивно. Мислам дека тоа е разумна одлука на СПЦ и патријархот Порфириј – изјави Лавров во интервју за руската онлајн ТВ „Наше кино“, пренесуваат белградски Вечерни Новости.






Според рускиот министер, „ова е достоен одговор на интригите што ги плете цариградскиот патријарх“.

– Тој се обиде засекогаш да го погреба секој однос меѓу другите православни цркви, пред се, српската и македонската. Овој провокативен план е спречен – рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија одлуката за обновување на евхаристичкото единство меѓу српската и македонската црква ја нарече мудра.

-Со тоа се овозможува повторно воспоставување на евхаристичко единство со Руската православна црква, за што ние сме заинтересирани. Сигурен сум дека тоа ќе послужи за доброто на православието – заклучи Лавров.

Поврзани содржини