Муцунски: Потфрли системот, некои мерки требаше да се преземат порано, како контрола на границите

Во контекст на изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори на 12-ти април, Муцунски посочи дека веројатно ќе е потребно редимензионирање на кампањата, и дека почитувањето на мерките е клучно.

1,333

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва гостуваше на емисијата „Патот кон“ на телевизија АлсатМ.

Во текот на гостувањето Муцунски укажа дека корона вирусот е глобален проблем и тема која ги надминува границите на дневната политика бидејќи се работи за здравјето на граѓаните.






Муцунски посочи дека Владата доцнеше со спроведување на некои од мерките.

– На прашањето дали потфрли системот, да потфрли. Некои мерки требаше да се преземат порано, како контрола на границите. Немаше навремена контрола на копнените гранични премини, а дел од здравствените работници укажуваат дека системот за жал не е соодветно подготвен –  рече Муцунски.

Муцунски на гостувањето кажа дека Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и партијата воопшто ги става на располагање сите капацитети за надминување на оваа ситуација

– Нудиме конкретни мерки и ги нудиме и сите ресурси со кои располагаме – рече Муцунски.

Во контекст на изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори на 12-ти април, Муцунски посочи дека веројатно ќе е потребно редимензионирање на кампањата, и дека почитувањето на мерките е клучно.

 

Поврзани содржини