Муцунски: Попис ни треба, но не за исполнување политички желби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека пописот треба да се реализира електронски и со методологија која ги исполнува највисоките стандарди.

301

Тоа што е најбитно во овој момент е временскиот период во кој ќе се спроведува овој попис. Ние за жал не би сакал тоа да е реалноста, би сакал Македонија да биде со степен на вакцинација не мора како Израел, но да биде приближно како Србија, но за жал во овој момент гледаме дека ние сѐ уште немаме вакцинирано ниту 2.000 здравствени работници, а нема во доглед пристигнување на некои поголем дотур на вакцини, а истовремено планираме да спроведеме една масовна мобилизација и операција која што ќе вклучува повеќе од 25.000 попишувачи кои ќе треба да посетуваат различни домаќинства во нашата држава, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во емисија на ТВ Алфа.

Муцински смета дека попис треба да има, но според него. дилемата е дали оваа година треба да се спроведе.






– Попис ни требаше и лани да спроведеме. Но, дали е оваа годината која што треба да се спроведе пописот или можеме да видиме од праксата од земјите од регионот коишто ја послушаа таа препорака на ОН дека секој треба да размисли да го одложи својот попис за следната година – додаде тој.

Според него, методологијата со која што ќе се попишува населението не е по највисоки стандарди.

– Самата методологија дозволува да се злоупотребува тој чин на попишување на резидентно населени со тоа што практично некој ако е во посед на вашата лична карта ќе може да ве попише како да сте тука, како да сте резидентно население, а вие фактички де факто може и да не сте тука, да сте го оставиле тој документ. Така да има една низа на недоследности на самата методологија кој што нас цело време не упатуваат на тоа дека се работи за операција која има за цел да реализира некои политички желби – рече Муцунски.

Тој смета дека пописот треба да се реализира електронски, што е предлог и на неговата партија.

– Но, ајде да направиме нешто по највисоките европски стандарди за кое што имаме капацитет, имаме соодветна инфраструктура од областа на информатичката технологија и од којашто сите несомнено ќе може да имаме доверба а тоа е електронски попис и сите овие потенцијални злоупотреби кои што може да се случат, сите овие недоследности кои што може да ги има преку еден ваков Закон, и преку една ваква методологија ќе ги елиминираме со електронскиот попис, а патем на Република Македонија ќе и заштедиме доста буџетски пари во година којашто како што сите гледаме со оваа страшна економска, социјална и пред сѐ здравствена криза на буџетот му се потребни – рече Муцунски.

Поврзани содржини