Муцунски: Половина од граѓаните не гласаа, треба да ја вратиме нивната доверба

1,209

Да размислиме зошто половина од нашите граѓани не гласаа. Да размислиме како да ја вратиме нивната доверба и да ги привлечеме во политичкиот систем, рече Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој им се заблагодари на сите граѓани и на гласачите во ИЕ 1, каде тој е избран за пратеник.

– Јас со сета моја енергија ќе се борам оваа земја да биде попристојно место за живеење. Да го смениме пристапот, јас почуствував кон мене негативна кампања, треба да ја смениме, тоа е една од причините зошто граѓаните не гласаат – рече Муцунски.

Поврзани содржини