МУЦУНСКИ НАПРАВИ „ГЕНЕРАЛКА“ Јавните површини во Аеродром се средуваат со почетокот на пролетта
Луѓето се нашиот најсилен потенцијал во обезбедувањето на јавната хигиена, вели градоначалникот на Аеродром.
Засадени се дрва, се чистат јавните површини во општината. Службите на општината ги посетија и локалните општински училишта. Во Аеродром уредени се јавните површини, а така е одбележан првиот ден на пролетта.
„Заедно со директорот за јавното претпријатие за комунални дејности, направивме обиколка на локациите каде на почетокот на пролетта и Денот на екологијата започнавме голема еколошка акција за чистење и уредување на јавните површини“, пишува Муцунски.
Муцунски се заблагодари на посветената работа на комуналните работници и додава дека: „Луѓето се нашиот најсилен потенцијал во обезбедувањето на јавната хигиена“. Муцунски вели дека Аеродром одржува континуитет во одржување убава и зелена општина.