МУЦУНСКИ ИЗБРИША 3 НОВИ МАРКИЦИ ВО АЕРОДРОМ Ќе се наменат за зелена површина
На предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница ја изгласа оваа иницијатива.
Избришани се уште три градежни маркици во Реонски Центар во Општина Аеродром, со што се спречи изградба на згради на вкупен простор од 13.200 метри квадратни.
На предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница ја изгласа оваа иницијатива.
– Политиките кои ги презема градоначалникот Муцунски со поддршка на Советот имаат за цел да ја спречат бетонизацијата и наместо тоа да се стави акцент на зеленилото и хуманата урбанизација. Овие чекори ќе продолжат и понатаму. Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општина, се наведува во соопштението од Општината.