МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ВАНДАЛИЗМОТ ВО АЕРОДРОМ Вакви работи не смее да се случуваат во општината
Ги повикувам институциите да преземат мерки, а ние ќе ги интензивираме нашите соработки со институциите за еден безбеден Аеродром за сите – напиша Муцунски.
Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, го осуди вандализмот кој се случи во општината. На досегашната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, автомобилот бил запечатен со пур пена.
Муцунски посочи дека и досега реагирале до МВР укажувајќи им на неприсуството на терен и слабите контроли.
– Како градоначалник на Општина Аеродром и како граѓанин пред сè го осудувам овој вандалски чин. Во нашата општина ова не смее да се случува. Почитувана г-ѓа Јанчева, досега неколку пати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром и слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата и не добиваме никаков одговор – вели Муцунски во својата објава на Фејсбук.
Тој посочува дека во неговата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работат со сите сили за една поинаква општина на која сите ќе бидат горди.
– Ги повикувам институциите да преземат мерки, а ние ќе ги интензивираме нашите соработки со институциите за еден безбеден Аеродром за сите – напиша Муцунски, кој подоцна го избриша постот на социјалната мрежа.