МУЦУНСКИ ЈА ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО Се отвора ново поглавје меѓу двете земји

Шефот на македонската дипломатија на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство, а средбата ја оцени како историска.

110

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами денеска во Форин офисот во Лондон потпишаа Декларација за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство.

Шефот на македонската дипломатија на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство, а средбата ја оцени како историска.






„Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО. Разговаравме и за неодамнешниот договор ‘влада со влада’, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации“, напиша Муцунски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани содржини