До Основниот граѓански суд имам поднесено тужба против Вилма Русковска, затоа што таа, во неколку наврати во своите јавни излагања во емисиски гостувања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети. Од моја страна, злоупотребите на поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска ќе бидат докажани и обелоденети до крај.
Ова го изјави поранешниот директор на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, откако вчера беа отфрлени две кривични пријави против него.
– Нападот кон него мене бил исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавно обвинителската фунција со цел да му наштети нему на угледот и угледот на Управата – рече Муареми.