МУ ЗЕЛЕ 6.000 ДЕНАРИ, ГО УБИЛЕ И ГО СКРИЛЕ ТЕЛОТО Обвинител предложи притвор за браќа од кривопаланечко Луке

На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.

1,079

Двајца браќа во кривопаланечкото село Луке убиле соселанец одземајќи му 6.000 денари кои си ги поделиле, информираше Основното јавно обвинителство во соопштение. Обвинителството започна истрага за лицата за кои постои сомнение дека извршиле убиство од користољубие.

Обвинител предложи дводневен притвор за осомничените браќа кои се на возраст од 20 и 25 години.






„На крај телото го полеале со бензин и нафта и го запалиле, па го фрлиле во дупка покрај реката и го покриле со дрвја и камења“, се вели во соопштението.

ОЈО соопшти дека убиството било извршено ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата.

„Помладиот брат го разбудил оштетениот и го извел надвор со изговор дека сака од него да купи ракија. Во дворот го удрил со мотика по главата, па двајцата заедно го влечеле и му нанеле уште неколку удари со предмет. Со пребарување по џебовите од жртвата одзеле 6.000 денари кои си ги поделиле, по што ги пребарале куќата и помошните простории“, велат од ОЈО.

 

Поврзани содржини