📷 МУ ЗАМЕРУВААТ НА ТРАМП ЗА ОДЕЛОТО Ги прекрши ли претседателот на САД строгите правила на Ватикан?

Иако строгите протоколарни правила за ваков настан налагаат темен костум и задолжително долга, црна вратоврска – Трамп се појави облечен во темносин костум, дополнет со сатенска сина вратоврска и беџ со американското знаме. Овој избор веднаш предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи.

2,254

На погребната церемонија на папата Франциск денеска во Ватикан, актуелниот американски претседател Доналд Трамп се најде под силен оган на критики поради неговото облекување, што многумина го оценија како чин на непочитување.

Иако строгите протоколарни правила за ваков настан налагаат темен костум и задолжително долга, црна вратоврска – Трамп се појави облечен во темносин костум, дополнет со сатенска сина вратоврска и беџ со американското знаме. Овој избор веднаш предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи.






„Зошто Трамп е единствениот светски лидер кој носи син костум? Зарем нема чувство за прилика?“, се прашуваа корисници, додека други коментираа: „Колкаво непочитување – Трамп во син костум на погреб“ и „Зарем немал барем темносин или црн костум? Каде му е почитта?“.

Дополнителна споредба се направи и со присуството на поранешниот американски претседател Џо Бајден, кој избра сина вратоврска, и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пристигна без вратоврска. Сепак, најголем дел од светските лидери, меѓу кои и британскиот опозициски лидер, се придржуваа до воспоставената традиција и беа облечени во елегантна црна облека.

Во контраст со Доналд Трамп, неговата сопруга Меланија Трамп, која го прославуваше својот 55-ти роденден, беше облечена во црн капут, со црн вел од чипка и ракавици – целосно усогласени со строгите правила на облекување пропишани за вакви прилики.

Иако вакви церемонии се моменти на универзално изразување почит, изборот на облека на Трамп остави впечаток на несериозност и повторно го стави во центарот на јавните полемики.

Поврзани содржини