МУ ЗАБРАНИЛЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО СЛАВНИОТ ХОТЕЛ Актерот избркан поради ковид-потврдата

Откако му бил забранет влез во хотел во Венеција, Џон Малкович морал да отседне во блиската приватна резиденција.

1,713

На славниот актер Џон Малкович (68) му бил забранет престој во луксузниот хотел „Даниели“ во Венеција, поради истечена „зелена потврда“, односно „Супер зелена пропусница“ со која се докажува дали некој е вакциниран или прележал ковид-19, пишува италијанскиот весник „Ил Газетино“.

Откако му бил забранет влез во хотел во Венеција, тој морал да отседне во блиската приватна резиденција. Имено, во Италија моментално е на сила закон кој вели дека само оние со доказ за целосна вакцинација или прележан ковид-19 можат да пристапат до јавните простори. Тука спаѓаат хотелите, но и, меѓу другото, рестораните, баровите и јавниот превоз.






Како што пишуваат италијанските медиуми, Малкович престојува во Венеција поради снимањето на американската телевизиска серија „Риплеј“. Италијанската новинска агенција АНСА потврди дека на актерот му бил одбиен престој во познатиот хотел, поради што морал да престојува во приватна резиденција.

 

 

 

Поврзани содржини