МУ ВЛЕГОЛ НАСИЛА ДОМА, МУ ГО ЗЕЛ ПАРИЧНИКОТ Дрско разбојништво во Охрид

На 8 декември 2025 година, осомничениот насилно влегол во домот на Д.Б. од Охрид, физички го нападнал, а потоа му го одзел паричникот.

157

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Г.А. (49) од Охрид, поради сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
Според информациите од СВР Охрид, на 8 декември 2025 година, осомничениот насилно влегол во домот на Д.Б. од Охрид, физички го нападнал, а потоа му го одзел паричникот.
Полициски службеници за кратко време го лоцирале сторителот и го лишиле од слобода, по што против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини