МУ ВЛЕГЛЕ ВО ДВОРОТ И ГО ПОВРЕДИЛЕ СО ОСТАР ДРВЕН ПРЕДМЕТ Тежок физички напад во Прилеп
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.
Прилепчанец вчера бил нападнат од 3 лица кои влегле во неговиот двор. Тројцата го нападнале со дрвен и остар предмет и тешко го повредиле.
„На 2.7.2025 година во 15 часот, во ОВР Прилеп М.С.(39) од Прилеп пријавил дека во дворното место од неговата куќа бил нападнат од три лица кои со остар и дрвен предмет му нанеле тешки телесни повреди. Поврдите се констатирани во Општа болница Прилеп“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, се додава во соопштението.