МУ ВЕТИЛ ЛИ БУЈАР НА ГРУЕВСКИ ДЕКА ЌЕ ГО СИМНЕ АХМЕТИ ОД ТРОНОТ? Вреди му постави две-три прашања на Османи
Реакцијата на ДУИ дека Изет Меџити се сретнал со Вулин е вистинита исто колку можноста Артан Груби да биде тргнат од црната листа на САД пред локалните избори, се вели во соопштението на Вреди.
Бујар Османи не е жртва на туѓи игри, тој е свесен и активен учесник во тие договори, соопшти Вреди.
„Вреди потсетува на две неспорни вистини кои граѓаните веќе ги гледаат. Прво, Бујар Османи имал средба со бегалецот Никола Груевски. Познати се и местото и времето на таа средба, како и темата на разговорот. Второ, нападите што деновиве ги упатуваат кон Вреди и кон нашите лидери се лага и се ништо друго освен паника, бидејќи очекуваа дека нивната соработка со Груевски и со Мијалков ќе остане тајна и без докази“, соопшти Вреди.
Реакцијата на ДУИ дека Изет Меџити се сретнал со Вулин е вистинита исто колку можноста Артан Груби да биде тргнат од црната листа на САД пред локалните избори, се додава во соопштението.
„Ја разбираме нервозата во ДУИ, но лагите на Бујар не се правдаат со нови лаги. Албанците бараат одговор која е вистинска причина за средбите на Бујар со Груевски во Будимпешта? Еве им две опции за заокружување: опција А – Бујар му ветил дека ќе го врати во Македонија и опција Б – Бујар му барал помош и му рекол дека ако победи во Чаир ќе го симне Али Ахмети од тронот во ДУИ. Бујар Османи не е жртва на туѓи игри, тој е свесен и активен учесник во тие договори. Тој е човекот кој со години го одржуваше системот на Али Ахмети, кој беше министер на Груевски, кој им овозможи на Груевски и Мијалков да ја контролираат државата и да изградат финансиска империја“, соопшти коалицијата.
Вреди порачува дека Бујар Османи не може да избега од одговорност, се додава во соопштението.
„Тој има избор, да ја признае вината и да се повлече од политиката или засекогаш да остане запаметен како лице кое свесно соработувало со најголемите штетници за државата и за Албанците“, соопшти Вреди.