МУ УТВРДИЛЕ НЕВЕРОЈАТНИ 4,35 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА!? Во Делчево уапсен пијан возач

Станува збор за исклучително висока концентрација на алкохол, која сериозно ја загрозува безбедноста во сообраќајот.

141

Дваесет и шестгодишен жител на беровското село Митрашинци е уапсен откако бил затекнат како управува патничко возило под дејство на алкохол со дури 4,35 промили алкохол во крвта.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 јули 2026 година, околу 15:05 часот, полициски службеници од ОВР Делчево при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски таблички.






При контролата било утврдено дека возачот А.Т. (26) од село Митрашинци го управувал возилото под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 4,35 промили алкохол во крвта.

Возачот веднаш бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Станува збор за исклучително висока концентрација на алкохол, која сериозно ја загрозува безбедноста во сообраќајот и може да има фатални последици доколку возачот продолжел да управува со возилото, велат од МВР.

Поврзани содржини