МУ УСПЕА САМО НА СУПЕРМЕН Дали можеме да патуваме низ времето?

Експериментот на Хафеле и Китинг во 1971 година покажа дека часовникот што летал во авионот не покажувал исто време со часовникот кој останал на Земјата.

241

Способноста да се движиме не само низ вселената, туку и во минатото и иднината може да отвори безброј можности за човештвото. Наводно, ако се движиме со брзина на светлината, би можеле да патуваме низ времето.

Во еден од филмовите за Супермен од 1979 година, суперхеројот се враќа во минатото, летајќи околу Земјата во спротивна насока од нејзината ротација побрзо од светлината.






Светлината се движи нешто помалку од 300.000 километри во секунда. Досега луѓето не успеале да се приближат до оваа брзина, впрочем, најбрзиот објект направен од човек, вселенската сонда, мина само 150 километри во секунда.

Со оглед на вистинскиот технолошки напредок, дали теоретски е можно да се патува побрзо од брзината на светлината, па како Супермен, да патуваме низ времето?

– Колку што знаеме ништо не може да оди побргу од светлината, меѓутоа ако патувате со брзина блиска до брзината на светлината, времето веќе не се однесува како што сме навикнати. Значи, теоретски е можно да се патува во иднината, но не е можно да се врати во минатото – вели астрофизичарот д-р Шон Мет од Универзитетот во Екетер.

Исто така, мора да имаме на ум, како што вели професорот Ерик Титли, астроном од Универзитетот во Единбург, кога велиме брзината на светлината, тоа се однесува на брзината на светлината во вакуум. Светлината е побавна кога се движи низ вода или воздух.

– Ако нешто би патувало побргу од брзината на светлината во вакуум, тогаш не е јасно како би се согледал правецот на времето и како ние како надворешни набљудувачи тоа би го виделе во нашето време и простор – вели д-р Титли и додава дека патувањето на Супермен во минатото, како што е прикажано во филмот, од научна гледна точка е чиста глупост.

Дали го доживуваме времето поинаку кога патуваме со поголема брзина?

Теоријата на релативност на Ајнштајн вели дека времето не е универзално, туку релативно. Експериментот на Хафеле и Китинг во 1971 година покажа дека часовникот што летал во авионот не покажувал исто време со часовникот кој останал на Земјата.

Имено, Хафале и Китинг двапати летаа низ светот, прво на исток, а потоа на запад, со атомски часовници со цезиум, по што ги споредија „патувачките“ часовници со оние што останаа во поморската опсерваторија на САД.

Се испостави дека часовникот во авионот што се движи кон исток, во насока на ротација на Земјата, работел побрзо од оној што останал на Земјата. Додека часовникот во авионот кој се движел на запад, спротивно од ротацијата на Земјата, имал помала брзина од оној на Земјата.

Овој феномен се нарекува „временска дилатација“.

Дали е можно да се патува побргу од светлината?

Сите експерти се согласуваат дека не е можно да се патува побрзо од брзината на светлината, што исто така е наведено во теоријата на Ајнштајн.

– Јасно е дека ниту еден предмет или информација не може да патува побрзо од брзината на светлината. Не се работи за тоа дали имаме доволно енергија. Однадвор, секоја енергија додадена на телото за да ја достигне и надмине брзината на светлината само забрзува асимптоматски до брзината на светлината – вели д-р Ерик Титли.

„Асимптоматски“  значи дека нешто поблиску до брзината на светлината никогаш не се постигнува.

Ниту еден објект не може да патува побрзо од брзината на светлината, бидејќи колку побрзо патуваат објектите, толку потешки стануваат. Затоа, само светлината може да патува со брзина на светлината, бидејќи нема маса.

Поврзани содржини