МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ШЕФОТ СО СМС ПОРАКИ Кривична пријава за двајца вработени во општина Бутел

Од страна на полициските службеници од одделението за насилен криминал се превземени мерки и активности, при што се обезбедени лицата А. Е и Б. Р, обезбеден е доказен материјал и извршен службен разговор“, велат од МВР.

558

Двајца вработени во општина Бутел се приведени и против нив е поднесена кривична пријава бидејќи преку СМС пораки му се заканувале на нивниот претпоставен.

Имено високиот службеник во општина Бутел кривичното дело го пријави во полициската станица во Чаир на 13.07.2024 година каде што од страна на вработените А. Е и Б. Р добил СМС пораки со заканувачка содржина.






„Во врска со пријавеното кривично дело Загрозување на сигурноста по чл.144 ст.2 од КЗ на 13.07.2024 година во полициска станица од општа надлежност – Чаир од страна на висок службеник во општина Бутел од страна на полициските службеници од одделението за насилен криминал се превземени мерки и активности, при што се обезбедени лицата А. Е и Б. Р, обезбеден е доказен материјал и извршен службен разговор“, велат од МВР.

Во консултација со ОЈО Скопје против истите ќе се поднесе кривична пријава по редовна постапка.

Поврзани содржини